Последни вести

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСИРАЊЕ КОЧАНСКИ ОРИЗ НА ПАЗАРИТЕ ВО НОВИ САД

Во текот на вчерашниот ден заинтересирани фирми за кочанскиот ориз од Војводина остварија средба во Општина Кочани со локалните производители и преработувачи на ориз и со градоначалникот Љупчо Папазов, со цел пробивање на кочанскиот ориз на тамошните пазари и капацитети со кои тие располагаат. На работниот состанок преку прикажана презентација присутните најпрвин се запознаа со…

РАБОТЕН СОСТАНОК НА ЦЕНТАРОТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И ИНФОРМИРАЊЕ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЕКО-СВЕСТ

Деновиве, градоначалникот Љупчо Папазов оствари работна средба во Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-Свест, со цел разменување мислења и идеи во врска за нови можности за индивидуално и централно греење во Општина Кочани. Меѓународната мрежа СЕЕ Bankwatch Network заедно со Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-Свест како нејзина членка…

ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ, МЛАДИТЕ ОСОГОВЦИ ГО ДЕКЛАСИРАА „СПАНЧЕВО“

Изминатите два дена (Понеделник и Вторник) се одиграа два натпревари во рамките на годинешните Илинденски Спортски Игри „Чешиново 2022“. Најпрвин младинскиот состав на „Осогово“ во една мошне импресивна и преди се ефикасна игра го декласираа „Спанчево“ собладувајќи го со 6:1. Но доколку младите „жетвари“ беа посмирени во завршницата на акциите можеа да постигнат уште најмалку…

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА УЛИЦАТА „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“

На 18.07.2022 во 07.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, мопед „томос“, со штипски регистарски ознаки, управуван од С.А.(74) од Кочани, удрил во запрено товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, паркирано од К.С.(27) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот…

ВО ПОНЕДЕЛНИК СТАРТУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ НА ГФК “ОСОГОВО“

По овие летни горештини спортска тема која секако ги засега љубителите на фудбалот во „градот на оризот“ е која е иднината на ГФК „Осогово“, несомнено еден  од најстарите фудбалски клубови во Македонија. И додека топката мирува разговаравме со Перо Георгиевски – спортскиот директор на ГФК „Осогово“ за почетокот на подготовките и за плановите на сега…

ОТСТРАНЕТ СЕРИОЗЕН ДЕФЕКТ НА ДЕСНИОТ МАГИСТРАЛЕН КАНАЛ ВО АТАРОТ НА ОРИЗАРИ, ВОДАТА ОД БРАНАТА „КАЛИМАНЦИ“ ЗАПРЕНА 24 ЧАСА

Десетина работници со опрема и механизација на водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани беа ангажирани во изминатото деноноќие на отстранување на сериозен дефект на десниот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“. Поради огромниот воден притисок дошло до оштетување на механизмот за контрола на испустот, но со брзата интервенција спречени се поголеми загуби на вода и поплавување на…

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА 15. СЕДНИЦА

Советот на Општина Кочани на 15. редовна седница ја прифати Предлог-одлуката за утврдување на приоритет и сопствено учество – кофинансирање на проектот „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување“. Со оваа одлука, Советот ѝ одобри на Општина Кочани да издвои 20 % од вкупната сума на проектот и да аплицира на…

КАМИОН НАТОВАРЕН СО ГАЈБА ПИЈАЛАЦИ НА ПЛАТОТО ПРЕД БЛОКОТ „А“ ВО ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР

Се додека нешто не видиме не можеме да веруваме само на кажаното, но овој пат оваа фотографија кажува се. Направена е утринава во 08:15 часот на платото во Трговскиот Центар во блок „А“ веднаш спроти обложувалницата „Златна копачка“. На фотографијата јасно се не гледа неморалното однесување на поединци. Се гледа како го паркирал малиот камион…

СПРОВЕДЕНА ВТОРАТА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНОТО ТЕРЕСТИЧКО И АВИО ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Во текот на синоќешните и денешните рани утрински часови беа спроведени двете превентивни прскања и третирања за заштита од комарци. Синоќа, 18.07.2022 година во вечерните часови стручна екипа на Лиса Ком МС Дооел Кавадарци ја спроведе втората фаза од превентивното терестичко прскање третирање за заштита од комарци. Беа опфатени селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни…

БРАНКО БОГАТИНОВ, ГОДИНЕШНАТА АЛФА И ОМЕГА НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР

Пред неполна седмица заврши годинешниот, дваесетти по ред  Петровденски фудбалски турнир. На крајот како и секогаш, прогласувањето на најдобрите, но и доделување признанија на сите оние кои помогнаа во неговата реализација. Иако прогласувањето на најуспешните и оние кои дадоа полн придонес во неговата реализација беа повеќе од заслужено, сепак сакале или не мора посебно признание…