IN MEMORIAM
Синоќа во Кочани во 71 година од животот почина Киро Герасимов. Герасимов остави длабоки траги во кочанското издавачко творештво. Беше поет, новинар, публицист и преведувач за што имаше добиено голем број признанија како во општината, во Македонија, така и надвор од неа. Кочанската јавност ќе го памети по големиот број на издадени книги од речиси…
СК „АКАДЕМИЈА ТОШЕВ“ УЧЕСТВУВАШЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР „ЧИКА ЦОНЕ“ НА КОСОВО
За време на викендот Спортскиот Клуб „Академија Тошев“ од Оризари учествуваше на Меѓународниот Фудбалски Турнир „Чика Цоне“ што го организираше ФК „Космет“. На турнирот „Академија Тошев“ пријави две генерации 2009 и 2013. Во првата група освен „Академија Тошев“ учествуваа и екипите „Грачаница“, „КМФ Рашка“ и „Колашин“ додека во втората група беа екипите на „Јуниорс“, „Космет“,…
ПРОМОЦИЈА НА СТИХОЗБИРКАТА „НЕКОГАШ НЕКАДЕ“ ОД ЈАНЕ АТАНАСОВ
Вечерва во просториите на ЈО Библиотека „Искра“ во присуство на роднини и пријатели и секако љубители на убаво напишаниот збор беше промовирана стихозбирката „Некогаш Некаде“ чиј автор е Јане Атанасов. Свое обраќање пред присутните имаше м-р Љупка Стојменова, која е промотор на книгата, а извадоци од стихозбирката читаа ученици од училиштата во Кочани. С. Ивановски
ПРОМОЦИЈА НА СТИХОЗБИРКАТА „НЕКОГАШ НЕКАДЕ“ ОД ЈАНЕ АТАНАСОВ
Вечерва во просториите на ЈО Библиотека „Искра“ во присуство на роднини и пријатели и секако љубители на убаво напишаниот збор беше промовирана стихозбирката „Некогаш Некаде“ чиј автор е Јане Атанасов. Свое обраќање пред присутните имаше м-р Љупка Стојменова, која е промотор на книгата, а извадоци од стихозбирката читаа ученици од училиштата во Кочани. С. Ивановски
ДА, ДА ДОНИРАМЕ ЗА ВИКТОРИЈА
Да ја покажеме уште еднаш нашата хуманост, да донираме и да и помогнеме на Викторија. Знам, сите тоа го можеме, па ајде да и помогнеме на Викторија
МАКЕДОНИЈА, СРБИЈА И ХРВАТСКА СО ЗАЕДНИЧКА АКАДЕМИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БОРЕЊЕТО
За време на викендот во Пореч (Република Хрватска), Претседателот на БФРСМ Дејан Богданов, Техничкиот Секретар Драгана Савева и член на Управниот Одбор Викторија Кукушев присуствуваа на заеднички состанок со Претседателот на Хрватската Боречка Федерација Влаго Бреговиќ и Претседателот на Боречката Федерација на Србија Жељко Трајковиќ. Инаку ова беше првиот состанок на кој се дебатираше за…
СООПШТЕНИЕ ОД ОО СДСМ ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО
Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ во Чешиново-Облешево никако да се разбуди од зимскиот сон. Поминаа 7 месеци од превземањето на локалната власт, а градоначалникот Далибор Ангелов и раководството на ВМРО ДПМНЕ не се појавуват во јавност. Апатијата на ВМРО ДПМНЕ оди до таму што не само што не ги реализираат ветените проекти пред изборите туку…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КРАЊ И НЕГОВИОТ ЗАМЕНИК ВО ПОСЕТА НА КОЧАНИ
Денеска градоначалникот на Општина Крањ, Република Словенија Матјаж Раковец и заменик-градоначалникот Јанез Черне беа во посета на Општина Кочани. Најнапред во општинската зграда остварија средба со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, којшто ја претстави нашата општина со сите нејзини знаменитости, природни и културни богатства. Во склоп на денешната посета, делегацијата од Р. Словенија беше…
ДВАЈЦА КОЧАНЧАНИ ПРИЈАВИЛЕ НАПАД ВО ШУТО ОРИЗАРИ
На 15.05.2022 во Полициската станица Шуто Оризари, И.Ш.(22) од Кочани пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари заедно со неговиот брат биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ИЗВОР: Дневни билтени на МВР
ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА СТОЛЕ ЕФТИМОВ ВО ТИРАНА
Столе Ефтимов како член на Македонската репрезентација во борење го освои златниот медал на Меѓународниот турнир во борење „Мухамед Мало“ кој од 12 до 15 овој месец се одржа во Тирана (Албанија). Ефтимов првото место го освои во категоријата на борачи до 97 килограми. Тој имаше три борби и исто толку победи. Во првата борба…