Последни вести

ЌЕ ГО СПАСУВА ЛИ КРСТЕ КРСТЕВ „ОСОГОВО„?

По минатонеделниот избор на Александар Андов за претседател на ОФС „Кочани“, љубителите на фудбалот во Кочани а посебно навивачите на ГФК „Осогово“ со право се прашуваат кој ќе седне на жешкото столче и ќе го води клубот низ пролетните немирни води, се со цел зачувување на второлигашкиот статус. Чаршијата како чаршија е полна со шпекулации,…

УВИД ВО ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ И ПРОМОЦИЈА НА УЛИЦАТА „РОЗА ПЕТРОВА“

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Кочани. Во присуство и придружба на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и директорот на КЈП „Водовод“ – Кочани, Иван Иванов посетија три локалитети каде во тек се градежни работни активности, а една улица е целосно реконструирана и асфалтирана. „Денес имавме можност…

КОНКУРС ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКИ

Рокот за пријавување на конкурсот за обуки за економско јакнење на жените се продолжува до 27 декември. Обуките се однесуваат на: развој на вештини и знаења за дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии, развој на бизнис-идеја и бизнис-план, претприемништво и менаџерски вештини, како и за основни вештини за вработување. Овие обуки имаат…

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА РАНИ ФАЗИ НА ЗАВИСНОСТ ОД МАРИХУАНА И СИНТЕТИЧКИ ДРОГИ КАЈ МЛАДИТЕ

Во организација на невладината организација „Двојна надеж“, а во присуство на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, како и претставници од воспитно-образовните институции од Кочани, во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа работилница за запознавање и утврдување на превентивни протоколи за препознавање на рани фази на зависност од марихуана и синтетички дроги кај младите лица….

МВР СО АПЕЛ КОН МЛАДАТА ПОПУЛАЦИЈА ЗА ПРОТИВ КОРИСТЕЊЕ НА ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА

Преку лепење плакати и делење флаери, денеска во ООУ „Кирил и Методиј“ – Кочани, претставници од полициската станица во Кочани, во присуство на директорот на ООУ „Кирил и Методиј“ – Кочани, упатија апел кон учениците и младите генерации против употребата на пиротехнички средства. -Целта на оваа наша активност е да ја почнеме превентивната кампања која…

ЗОРАН СРЕБРЕНОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БК „СПАРТАК“

Изминатата седмица најтрофејниот клуб во општината, Боречкиот Клуб „Спартак“ одржа Изборно Собрание на кое беше избран нов претседател, секретар а и други органи на клубот. За нов претседател на клубот е избран Зоран Сребренов, кој е дете на „Спартак“ а додека функцијата секретар ќе ја извршува Гоце Ангелов. Факт е дека БК „Спартак“ го живее…

ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЧЕТИРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ

На 19.12.2021 во 19.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Кочани, кај с.Уларци, патничко моторно возило „фиат уно“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М.(40) од с.Чифлик, општина Сопиште, излетало од патот. 0Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобил возачот, сопатникот…

УТРЕШНИОТ ПРИЕМЕН ДЕН КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЕ ОДЛОЖУВА

Поради неoдложни работни активности на Локалната самоуправа и обврските на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, ги известуваме сите граѓани на Општина Кочани дека утрешниот термин за прием на граѓани се одложува за следниот вторник (28.12.2021 година) од 12:00 до 14:00 часот. Општина  Кочани

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ДВАЈЦА КОЧАНЧАНИ КАЈ КОИ ПО ПРЕТРЕС Е ПРОНАЈДЕН АМФЕТАМИН

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.К.(34), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 17.12.2020 бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин. ОВР Кочани поднесе кривична пријава против А.Б.(26),…

ПРОМОВИРАН АЛМАНАХ НА КНИЖЕВНИ ТВОРБИ ПО ПОВОД 82 ГОДИНИ ОД ИЗДАВАЊЕТО НА СТИХОЗБИРКАТА „БЕЛИ МУГРИ“

Во петокот во просториите на НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани беше промовиран Алманах со литературни творби по повод 82 години од издавањето на Рациновата стихозбирка „Бели Мугри“. „Вечерва го одбележуваме патрониот празник на НУЦК „Бели Мугри“ којшто од оправдани причини беше преместен за денес, наместо на 25 ноември, денот кога во 1939 година излезе од…