All Posts By Славчо Ивановски

СКРОМНО А ПРЕКРАСНО

Со поставувањето на новогодишната елка и некои други додатоци од вечерва „Паркот на Револуцијата“ во Кочани изгледа прекрасно. Без некое расфрлање со некои нови украси и вака поставено, едноставно скромно но навистина убаво. Да се надеваме дека овој дел од градот ќе заживее за Новогодишните и Божиќните празници каде граѓаните навистина ќе се чувствуваат убаво….

СООПШТЕНИЕ ОД ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ

Почитувани браќа и сестри! Во позитивна и победничка атмосфера помина вчерашната КОМИТСКА ВЕЧЕР, на која се сретнаа повеќе генерации покажувајќи сплотеност, лојалност и македонска припадност. Традицијата секогаш на прво место, но овојпат во ново руво, на нов начин…но заедно со сите подржувачи на делото и на Организацијата. ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани беше почестен со присуството…

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА 22. РЕДОВНА СЕДНИЦА

Советот на Општина Кочани ја одржа 22. редовна седница, на чиј дневен ред се најдоа шест точки. Советот ја усвои одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година, како и одлуките за воспоставување соработка, за формирање заедничка комисија за соработка меѓу Општина Кочани и општините од Источниот плански…

ДВАЈЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА КАЈ КОИ Е ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА

На 15.12.2022 во 01.15 часот на ул.,,Крижевска“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Д.С.(25) и Н.М.(25), двајцата од с.Зрновци, кочанско, затоа што по преглед кај нив, кај Д.С. била пронајдена и одземена марихуана. По комплетирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. ИЗВОР:  Дневни соопштенија од СВР Штип

ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ЈА НАПАДНАЛ МАЈКА СИ

На 14.12.2022, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода В.З.(22) од Кочани затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 46 – годишна мајка. По комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ИЗВОР:  Дневни соопштенија од СВР  Штип

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ЌЕ БИДАТ ПОСТАВЕНИ СЕДИШТАТА ВО САЛАТА НА ДК „БЕЛИ МУГРИ“ ВО КОЧАНИ

Во тек е поставувањето на седиштата во салата на ДК „Бели Мугри“ – Кочани со што би требало да се комплетира најголемиот дел од проектот кој започна во 2020 година со поставување на фасадата. Како што на новинарот од ТВ Канал 8 му изјавила директорката на ДК „Бели Мугри“ со поставувањето на седиштата капацитетот во…

КОМПАНИЈАТА „АНТУРА МК“ ДОНИРАШЕ ОПРЕМА ЗА РАЗГЛАСИТЕ ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ВО КОЧАНИ

ООУ „ Никола Карев“ од Кочани не престанува да ги подобрува условите за работа, како на учениците, така и на вработените во училиштето.  По неколкуте реализирани проекти денес благодарение на донацијата од компанијата „Антура МК“ значително се подобрени разгласите во училиштето. „Огромно задоволство ни представува тоа што нашето училиште почна да соработува и да станува…

ВРАБОТЕНА ВО ОПШТА БОЛНИЦА – КОЧАНИ ФИЗИЧКИ НАПАДНАЛА ДВЕ КОЛЕШКИ

На 13.12.2022 во 13.10 часот во СВР Штип, вработена во Општа болница Кочани пријавила дека на едно од Одделенијата на болницата, вработената Ј.Т.(44) од Кочани физички ги нападнала нејзините колешки Б.А.(47), Т.С.(53) и М.К.(58), сите од Кочани. Се работи на расчистување на случајот, по што против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава. ИЗВОР: Дневни соопштенија…

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ЕСЕНСКА ПОЛУСЕЗОНА – ГФК „ОСОГОВО“ НА ДЛАНКА

По одиграните 11 кола од есенскиот дел на првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток минатогодишниот второлигаш „Осогово“ со 9 победи и 2 нерешени средби и освоени  29 бода е на првата позиција со реални шанси на тоа место да го дочека и крајот на првенството. Веднаш зад кочанќани со шест бодови заостанување се „Тиверија“…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЛИЦЕ ОД КОЧАНИ ПОРАДИ ШИРЕЊЕ РАСИСТИЧКИ И КСЕНОФОБИЧЕН МАТЕРИЈАЛ ПО ПАТ НА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.В.(45) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 18.04.2022, на социјалната мрежа Фејсбук, на објава од друго лице, пријавениот објавил коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство. ИЗВОР: Дневни билтени на МВР