СЕ РЕКОНСТРУИРА ТРОТОАРСКАТА ПОВРШИНА НА УЛИЦАТА „КЕЈ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“
Во тек се градежните работи за реконструкцијата на тротоарската површина на улица „Кеј на Револуцијата“. Уредувањето на пешачката зона се протега во должина од 257 метри, почнувајќи од Градскиот плоштад. На тротоарската површина од 900 метри квадратни се работи на ископување на стариот бетон, тампонирање на теренот, по што ќе бидат вградени бехатон плочки. Изведувачот…
ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ОД RELOAD 2 ВО ОПШТИНА КОЧАНИ
Со цел да се обезбеди транспарентен и отворен процес на селекција на предлог-проектите од граѓанските организации за доделување грант во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2 проектот, Општина Кочани во соработка со УНДП објави јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата…
ПОБЕДА ЗА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ВО ТРЕТА ЛИГА ИСТОК И ПОБЕДА ВО М-16 ЗА ПРВО МЕСТО
Кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“и овој викенд ги зарадуваа своите навивачи, остварени се две победи и тоа какви, едната дури во продолжението а втората за прво место на табелата по првиот дел од првенството. Во 3-та Македонска Лига – Исток кошаркарите од Кочани по многу возбудувања ја совладаа мошне добрата и квалитетна екипа на „Спарта“…
ВЛАДИМИР ЧЕП ДАНИЛОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ
Како што сме информирани Владимир Данилов е назначен за нов претседател на ОО на СДСМ _ Кочани. Од повеќето предложени кандидати во Скопје биле повикани најпрвин седум за да потоа има интервју со четворица: Жаклина Паунова Анѓелковиќ, Игор Христов, Миле Андонов и Владимир Данилов подоцна и Гоце Серафимов кој од оправдани причини не бил со…
„ДРАГАНИЦА КУП“ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ ВО ВИТРИНИТЕ НА „ОСОГОВО“
По студено време проследено со ситен дожд денес во кочани на стадионот „Никола Мантов“ се одржа 16-тото издание на традиционалниот меморијален турнир „Драганица Куп“ организиран во чест на кочанската фудбалска легенда Драган Михајлов – Драханица. На учесниците на турнирот им се обрати Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов кој воедно турнирот го прогласи за отворен….
ДА БЕШЕ ПРОТЕСТОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИ, И АДМИНИСТРАЦИЈАТА И ОБРАЗОВАНИЕТО ЌЕ ИЗЛЕЗЕА, ВАКА …
По ветровито и студено време се одржа долго најавуваниот протест против аерозагадувањето од компанијата „Пејпар мил“. Иако голем број од населението секојдневно не заморува со коментари по ФБ и се удираат во гради дека им смета загадениот воздух, денес на протестот излегоа одвај околу двесте најупорни жители на Кочани. Да беше протестот организиран за зголемување…
ВФЛ-ИСТОК: КОЈ ДРУГ АКО НЕ ТОШЕ МАНОВ
По мошне студено време проследено си ситен леден дожд денес во Кочани во рамките на 18-тото коло „Осогово“ и „Кожуф“ ги поделија бодовите играјќи 1:1 (0:1). Домаќините по победата над „Пехчево“ во Штип со доста оптимизам го дочекаа денешниот натпревар, за жал уште на почетокот премногу грешеа па гостите беа тие кои ја имаа играта…
АЈДЕ КОЧАНЧАНИ, ОХРАБРЕТЕ СЕ, ВРЕМЕ Е ЗА ГОЛЕМ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО ОД „ПЕЈПАР МИЛ“
Сите рокови поминаа, оџакот на фабриката „Пејпар мил“ до вчера чадеше безмилосно. Време е за масовниот протест. Ајде Кочанчани охрабрете се и излезете утре (Сабота) во 12:05 и наместо преку ФБ, јавно со своето присуство да им кажеме на сопствениците на фабриката, ДОСТА Е. Најавата дека „Пејпар мил“ од 03. Март па се до крајот…
СО ДОБРА И ЕФИКАСНА ИГРА ДА СЕ ЗАОКРУЖИ МИНАТОНЕДЕЛНАТА ПОБЕДА
За утре (Сабота) во 14:00 часот закажани се натпреварите од 18-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток. Според распоредот и местото на табелата сите пет натпревари се доста значајни за понатамошниот тек во првенството. Во Кочани гостува екипата на „Кожуф“ која е во групата на екипи кои грчевито ќе се борат за освојување на…
СООБРАЌАЈКА КАЈ КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА
Вечерва околу 19 часот на булеварот „Тодосија Паунов“ во близина на кружниот тек кај Полициска станица – Кочани се случи сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено. До несреќата дошло кога ПМВ „Форд“ со кочански регистарски таблички удрило во бетонската жардинјера што го разделува булеварот. Поради повредите на еден од патниците во возилото кое…